Прва победа за Денвер во серијата со Лејкерс


Денвер е првиот тим во историјата на НБА кој избори мајсторка во две плејоф серии по ред по резултат 1:3 - МИА

Орландо, 23 септември 2020 () – Екипата на Денвер забележа победа во третиот натпревар од финалето на Западната конференција против Лос Анџелес лејкерс во НБА плејофот.


 

„Нагетс“ ноќеска славеа со 114:106 најмногу по заслуга на Џамал Мареј кој имаше дабл-дабл ефект со 28 поени и 12 асистенции, притоа додаде и осум скока.

Во поразениот тим, Леброн Џејмс оствари трипл-дабл, постигнувајќи 30 поени, 11 асистенции и 10 скокови.

Моменталниот резултат е 2-1 во серијата прв до четири победи.

И во источното финале резултатот е 2-1. Води Мајами против Бостон, а следниот дуел во оваа пресметка е вечер во 2:30 часот по полноќ. зс