Проблем за Реал Мадрид пред мечот со Брага во Лигата на шампионите и дербито со Барселона (сабота, 16.15 часот).
Последниот тренинг пред натпреварот со Брага, не го заврши Едуардо Камавинга. Шпанските медиуми пишуваат дека 20-годишникот до соблекувалната го придружувале двајца членови на лекарскиот тим. Камавинга се држел за десната нога.
Предвреме тренингот го завршил и Аурелиен Чоамени, но во неговиот случај нема паника за сериозна повреда.