Поради Њукасл клубовите од Премиер лигата побараа итен состанок

Поради-Њукасл-клубовите-од-Премиер-лигата-побараа-итен-состанок.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерлигашите за две недели, поради Њукасл ќе одржат состанок. 21 клуб од Премиер лигата стравува од потезите што ќе ги влече саудискиот фонд, кој е сопственик на Њукасл, во јануарскиот преоден рок.


Њукасл има проблеми со повреди на играчите, а не треба да се заборави ниту десетмесечната суспензија на Сандро Тонали.

Со оглед на тоа што истиот фонд (ПИФ) ги поседува и четирите најбогати клубови во Саудиска Про лига, во суштина менаџерот Еди Хау може да избере кого сака да позајми во јануари, Кристијано Роналдо или Карим Бензема, Александар Митровиќ или Роберто Фирмино, Ријад Махрез или Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Калиду Кулибали или Ајмерик Лапорт, Марсел Брозовиќ или Франк Кеси.

Всушност, секој што игра за Ал-Хилал, Ал-Итихад, Ал-Ахли или Ал-Наср може да дојде на позајмица во Њукасл.

За да се спречи тоа да се случи, клубовите од Премиер лигата побараа и добија итен состанок за 21 ноември, каде сигурно ќе побараат забрана за позајмици меѓу клубови со ист сопственик, во конкретниот случај, Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија. .

ПИФ, сепак, не е единствениот клуб во Англија кој има „братски“ клубови ширум светот, во малку поинаква форма овој систем го воведоа и сопствениците на Манчестер сити.

За да се воведе новото правило потребно е за него да гласаат 14 од 20 учесници во Премиер лигата во сезоната 2023/24.

Истиот ден во јавноста се појави изјавата на Киеран Мегваер, експерт од областа на финансиите во фудбалот, кој во подкастот „Цена на фудбалот“ објави дека опширно се преговара за потенцијални засилувања од Про лигата на „Сент Џејмс Парк“.

„Најавувам многу интересен јануари во Њукасл, со оглед на бројот и изборот на играчи кои можат да дојдат на позајмица во вториот дел од сезоната. Њукасл е во одлична форма, игра фудбал од врвна класа, но сепак можат да станат подобри со играчи како Кристијано, Бензема или, да речеме, Нејмар, доколку тој не го повредеше коленото“, изјави Мегваер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK