Полска доби нов селектор

Полска-доби-нов-селектор.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актуелниот селектор на младата полска фудбалска репрезентација Михал Пробиерц (50) е назначен за нов селектор на сениорската репрезентација. Пробиерц доаѓа на местото на Фернандо Сантош, кој доби отказ минатата недела.


Португалецот отказот го доби по поразот од Албанија со 0:2, по што Полска дојде до многу незавидна позиција во групата Е од квалификациите за ЕП 2024 година.

Полска моментално е четврта во групата со шест освоени бода од пет натпревари, четири бода помалку од водечката Албанија, два бода зад второпласираната Чешка и третопласираната Молдавија.

„Веруваме дека Пробиерц е најдоброто решение. Му посакуваме многу среќа“, изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Полска, Сезари Кулеша.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK