Пол Сколс на клупата на клубот каде што е ко-сопственик



 

Пол Сколс е поставен како привремен тренер на Салфорд сити, клубот во кој е ко-сопственик со „класата од ’92“ на Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам, Ники Бат, Рајан Гигс, Гери Невил и Фил Невил, заедно со бизнисменот Питер Лим.

45-годишниот Сколс, кој последен пат беше тренер само 31 ден во Олдам, ќе го замени Греем Александер на клупата на четвртолигашот, кој одигра 2:2 против Транмир и немаат пораз оваа сезона. Сколс си замина од клубот од својот роден град Олдам во 2019 поради мешање на газдата во неговата работа, а во 2015 година еден меч беше тренер на Салфорд заедно со Фил Невил

И покрај огромниот буџет за клуб во толку ниска лига, Салфорд минатата сезона беа само 11. под Александер, а оваа сезона имаат две победи и три ремија во пет меча.