Покетино: Премиер лигата е најдобрата лига во светот


Бенитез, Покетино, Алегри и Фавр во список на новите сопственици на Њукасл - МИА

Лондон, 23 мај 2020 () – Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино, раскажа како го поминува слободното време и ги сподели своите размислувања за неговата идна работа, нагласувајќи дека Англиското фудбалско првенство е најслино во светот.

– Со нетрпение ја очекувам следната работа. Фудбалот е многу динамичен и треба да бидете подготвени за моментот кога ќе се појави понудата. Јас сум многу отворен за предлози. Повеќе ме интересира проектот, а не од која земја е клубот. Зборуваме за клубот и секако за луѓето, за човечкиот фактор. Да, ги сакам Англија и Премиер лигата. Сè уште мислам дека Премиер лигата е најдобрата лига во светот и се разбира, да работам овде може да биде мојот приоритет, но не сум затворен за преселба во друга земја, изјави Покетино.

Тренерот сака да остане во Англија.

– Мојата идеја сега е да останам да живеам во Лондон со семејството. Ќе биде тешко во друга земја за прилагодување, но не и невозможно, додава Покетино.


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]