– Италијанскиот фудбалски гигант Интер објави денеска дека неговиот поранешен легендарен играч Лусито Суарез починал на 88-годишна возраст.
„Совршен играч кој инспирираше генерации со својот талент. Збогум Лусито“, објави Интер на Твитер, наведувајќи дека Суарез починал во мир во кругот на семејството.
Роден во 1935 година во шпанскиот град Ла Коруња, Суарез му се приклучи на Интер во 1961 година од Барселона за тогаш рекордни 311 милијарди италијански лири, една година откако ја освои Златната топка.
Играше под водство на легендарниот Хеленио Херера во Интер и беше еден од најдобрите фудбалери за врска во историјата на црно – сините.
Суарез со Интер освои три италијански и две европски шампионски титули, како и два трофеи светски првак.