По пет гола во просек на саботни калчолигашки дуели


По пет гола во просек на саботни калчолигашки дуели - МИА

Рим, 26 септември 2020 () – Во Италијанското фудбалско првенство во текот на денешниот ден се одиграа четири натпревари од 2. коло на кои беа постигнати 20 гола или во просек по пет на натпревар.


 

Гостинските екипи беа поуспешни, а честа на домаќините ја спаси Интер со два гола во финишот на мечот со Фиорентина.

Резултати:
Торино – Аталанта 2:4
Каљари – Лацио 0:2
Сампдорија – Беневенто 2:3
Интер – Фиорентина 4:3.