По одржување кондиција дома во дворот, Лина Ѓорческа на турнир во Белград


По одржување кондиција дома во дворот, Лина Ѓорческа на турнир во Белград - МИА

Тетово, 5 јули 2020 () – По неколку месечниот прекин поради состојбата со коронавирусот, затворените граници и ограниченото движење, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа од Тетово за прв пат периодов учествува на тениски турнир и тоа надвор од државата во српскиот главен град Белград.

Отворањето на границите со Србија беше можност Ѓорческа да настапува на Источноевропскиот шампионат во Белград, Србија  (Eastern European Championship). Во првата недела од турнирот изминатите седум дена, таа успеа со три победи и еден пораз да се пласира во понатамошната втора фаза која почнува од утре.

– Од понеделник  6 јули, продолжувам со дуели во новоформираната група Б со противничките Ивана Јововиќ и Доротеја Јоксовиќ од Србија, Басак Ерајдин од Турција и Марина Дражиќ од Хрватска, истакна Лина Ѓорческа.

Претходно, во првиот циклус на натпревари, Ѓорческа имаше три победи и еден пораз во рамки на групата Ц. Ги совлада Тијана Сретеновиќ со 2-0 (7-5,6-4) и Мариана Дражиќ со 2-0 (6-1, 6-0), Чемре Анил со 2-0 (6-1, 6-1) и пораз од Викторија Томова од Бугарија со 2-0 (6-3, 6-2)

Додека траеше ограничувањето на движењето поради полицискиот час во Тетово, таа кондицијата ја одржуваше дома во рамки на дворот од семејната куќа.

– Полицискиот час и забраната за одржување на тренинзи и спортување беа причина да не може да се тренира во Тетово или Скопје. Тука се и проблемите се немање соодветни места за тренирање кои или не постојат не се одржуваа. Турнирот е прва можност вистински да се вратам на теренот, вели Ѓорческа, благодарна на организаторот на турнирот, тениската академија на српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ.

На светската листа на Женската тениска асоцијацијa (Women’s Tennis Association-WTA) Лина е на 342 место, додека во двојки е на 216 позиција. На рангирањето на Меѓународната тениска федерација ИТФ е на 37 место. ас/


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 139 случаи со Ковид-19, еден починат, 239 оздравени пациенти

Скопје, 12 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, да се почитуваат мерките за заштита

Скопје, 12 август 2020 () – Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*