Ден по трансферот на Нејмар, Ал Хилал објави дека во клубот ќе пристигне и голманот на Севилја, Јасин Бону.
Јасин Бону, изминатите неколку дена се поврзуваше со великаните Баерн Минхен и Реал Мадрид. Сепак двата тима не сакаа да платат 20 милиони евра колку што за него бараше Севилја.
Севилја се наоѓа во големи финасиски проблеми и поради тоа мора да ги продава најдобрите играчи. Покрај Бону, веројатно уште некој ќе го напушти клубот до крајот на преодниот рок. Се претпоставува дека тоа ќе биде сонародникот на голманот, Јусеф Ен Несири.
Кога не сакаа Реал и Баерн, со понуда за Бону излезе Ал Хилал. Севилја од трансферот ќе заработи 21 милион евра, а голманот ќе потпише три годишен договор. На годишно ниво Бону ќе заработува 10 милиони евра.
Ал Хилал е многу блиску до пробивање на границата од 300.000.000 евра потрошени за нови играчи ова лето.
Да потсетиме, Нејмар е платен 90 милиони евра, Малком 60 милиони, Рубен Невеш 55 милиони, Сергеј Милинковиќ-Савиќ 40, Калиду Кулибали 23 милиони евра.