Пирло: Имав понуди од Премиер лигата и Серија А, но Јуве е најдобро место за почеток


Пирло се подготвува за тренерска кариера - МИА

Торино, 31 јули 2020 () – Новиот тренер на тимот на Јувентус за играчи до 23 години, Андреа Пирло ги сподели своите впечатоци по почетокот со работа во клубот од Торино.

– Горд сум што ја започнав мојата тренерска кариера. Се надевам дека ќе ги доживеам емоциите што ги доживеав како играч. Годините по завршувањето на мојата играчка кариера ме натераа да сфатам дека сакам да продолжам по овој пат. Многу ми е драго што се вратив во Јувентус.

Пристигнав овде по 10 години во Милано и бев прифатен во ова семејство. Успеав добро да се дружам со луѓето овде и со играчите. Кога го напуштив Торино, останав во контакт со сите. Со Милан е друга приказна, не остана никој од оние со кои работев.

Добив понуди од Серија А и од англиската Премиер лига, но мислев дека Јувентус е најдобро место за почеток, изјави Пирло.


Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини против Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 75 случаи со Ковид-19, пет починати, 136 оздравени пациенти

Скопје, 4 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, […]

Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници

Скопје, 4 август 2020 () – Собранието на денешната конститутивна седница на предлог на Верификациската комисија ги верификуваше мандатите на 120-те пратеници на десеттиот парламентарен состав избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*