Пет случаи на заразени со коронавирус во грчкиот ватерполо тим


Пет случаи на заразени со коронавирус во грчкиот ватерполо тим - МИА

Атина, 3 август 2020 () – Ватерполо федерацијата на Грција соопшти дека петмина членови на националниот тим биле заразени со коронавирус.



Затоа, до понатамошно известување, сите активности на машката и женската селекција беа откажани.

Како што се наведува, сите заразени се во самоизолација, додека другите играчи утре повторно ќе бидат тестирани.

Грција требаше да биде еден од учесниците во ХЕП-купот во Хрватска на крајот на август, а покрај домаќините, на тој турнир ќе учествуваат и Црна Гора и Италија.