Пелегрини ќе потпише двегодишен договор со Бетис


Пелегрини ќе потпише двегодишен договор со Бетис - МИА

Севиља, 7 јули 2020 () – Поранешниот тренер на Вест Хем, Мануел Пелегрини наскоро ќе стане предводник на Бетис, објавија шпанските медиуми.


 

Преговорите меѓу двете страни, кои траеја околу три недели, скоро завршија. Чилеанецот ќе потпише двегодишен договор со клубот.

За потсетување, 66-годишниот фудбалски стручњак беше отпуштен од лондонскиот клуб во декември минатата година. Претходно, тој работеше со Реал Мадрид, Малага и Виљареал.