Печенковски ја продолжи соработката со РК Бутел


Печенковски ја продолжи соработката со РК Бутел - МИА

Скопје, 14 мај 2020 () – Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува да го склопува играчкиот мозаик пред новата сезона, во која повторно ќе ја претставува нашата земја во Лигата на Европа.

По продолжување на соработката со левото крило Мирко Мајиќ, нов договор на една година потпиша и средниот бек Горан Печенковски, соопштија од клубот.

– Договорена е соработка и за следната сезона, тука сум од самото формирање на клубот, поминавме доста предизвици, убави моменти, спремен сум да дадам максимум и се надевам на уште една успешна година. Жал ми е што првенството мораше така да се заврши, но тоа е сосем правилно бидејќи здравјето е пред се во живототот. Сметам дека РФМ слично како и во сите првенства во кои системот на натпреварување е ист, донесе правилна одлука околу пласманот на табелата, среќни сме што ке имаме прилика и наредната година да играме во Европа и можеби со малку среќа, ќе успееме да стигнеме уште подалеку од лани, вели Печенковски, цитиран од клубот.


Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Бојан Јовановски поднесува повеќе кривични пријави во ОЈО Скопје - МИА
Вести

Бојан Јовановски во ОЈО Скопје ќе продолжи со поднесувње кривични пријви

Скопје, 3 јули 2020 () – Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска  повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со поднесувањето кривични пријави на записник. Јовановски на […]

Новиот позитивен на КОВИД-19 во Кавадарци, син на претходно заболен - МИА
Вести

И натаму висок бројот на новозаразени, надлежните апелираат на почитување на мерките

Скопје, 3 јули 2020 () – Нови 173 потврдени со КОВИД-19 од 1.650 тестирања, од кои најголем дел 75 се од Скопје, беа регистрирани вчера во земјава. Починаа и досега најголем број пациенти – 15. […]