Пандев во Џенова добива засилување од Интер


Пандев во Џенова добива засилување од Интер - МИА

Џенова, 25 септември 2020 () – Калчолигашот Џенова го позајми напаѓачот на Интер, Даријан Малес.


 

За Џенова настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Договорот се пресметува до крајот на оваа сезона, се вели во соопштението на веб-страницата на клубот.

Фудбалерот е „дете“ на Луцерн, а Интер го купи 19-годишниот Швајцарец овој месец за 2,5 милиони евра.