Пандев со Џенова избори опстанок во Серија А



Пандев со Џенова избори опстанок во Серија А - МИА

Џенова, 2 август 2020 () – Тимот на Џенова за кој настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев и следната сезона ќе игра во најквалитетното фудбалско натпреварување во Италија.

Ова е епилогот по вечерашните средби од последното, 38. коло во Серија А по кое беше решена и последната непознаница.

Џенова ја совлада Верона, додека нивниот директен конкурент во борбата за опстанок, екипата на Лече на домашен терен загуби од Парма.

Горан Пандев одигра 83 минути и забележа асистенција при вториот погодок на домаќините.

Резултати на последните пет натпревари од Серија А во сезоната 2019/20:

СПАЛ – Фиорентина 1:3
Болоња – Торино 1:1
Џенова – Верона 3:0
Лече – Парма 3:4
Сасуоло – Удинезе 0:1

Шампион е Јувентус, а со него во Лигата на шампионите се пласираа Интер, Аталанта и Лацио.

Во Лигата на Европа ќе играат Рома и Милан.

Покрај Лече, од претходно веќе се знаеше дека лигата ќе ја напуштат Бреша и СПАЛ.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*