Легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев, целата кариера, со исклучок на една сезона, ја мина во Италија. Тоа го прави одличен соговорник особено за италијанските медиуми пред квалификацискиот натпревевар Италија-Македонија.
На Италија, инаку актуелен европски првак, и „ори под нозете“, само две победи во последните два натпревари ќе ги однесе на ЕУРО 2024.
Италија во петок, во Рим, ќе ја пречека Македонија, која ќе игра за престиж, бидејќи по поразот од Украина остана без шанси за второто место во групата.
„Ќе го гледам натпреварот на телевизија, нема да одам во Рим. Ова за мене ќе биде посебен натпревар и поради тоа нема да давам никави прогнози“, изјави Пандев за „Фудбал Италија“. За овој медиум тој откри дел од плановите за во иднина.
„Во моментов раководам со клуб во Македонија. Не размислувам да станам тренер. Сакам само да уживам со семејството. Можеби ќе учам за спортски директор, сепак немам јасна претстава што ќе правам понатаму“, вели Пандев.