Осумдесет и девет странски играчи од 34 земји се подготвуваат за рестартот на сезоната во НБА


Осумдесет и девет странски играчи од 34 земји се подготвуваат за рестартот на сезоната во НБА - МИА

Орландо, 30 јули 2020 () – НБА лигата се подготвува да ја продолжи сезоната 2019/20, што беше прекината во март поради пандемијата на коронавирус. Вечер 30 минути по полноќ ќе се игра дуелот меѓу градските ривали од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс, додека во 3 часот е мечот Њу Орлеанс – Јута.

НБА известува дека има 89 неамерикански играчи од 34 земји кои се подготвуваат за рестартирањето со 22 екипи. Осум од нив учествуваа на „Ол-стар“ натпреварот, што е рекорд.

Секоја од 22. екипи има барем по еден странец. Повеќето од овие играчи се во Далас (7).

Најмногубројни кошаркари покрај САД, за време на рестартирањето се од Канада (15) и Франција (7). Австралија, Германија и Србија се претставени со по пет играчи.

Натпреварите по рестартот ќе бидат прикажани во 215 земји во светот.


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*