Жоу: Ореолот ми го спаси животот


Возачот на Алфа Ромео, Жоу Гуангју се огласи по страшната несреќа вчера на трката од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Велика Британија.

 

 

 

– Добро сум, проверен сум. Ореолот ме спаси. Не сакам да се случуваат вакви несреќи, но ФИА постојано ја подобрува безбедноста – тоа е фантастично. Ви благодарам на сите за поддршката, напиша на Твитер дебитантот во Формула 1.

Жоу беше вклучен во инцидентот заедно со уште неколку пилоти. По верижниот судар по стартот на трката, болидот на Жоу се преврти и удри во оградата, по што се заглави меѓу бариерата од гуми и металната ограда од трибините.

Системот за заштита на главата на пилотите наречен ореол одигра важна улога за спас на кинескиот пилот.