Започнува ЕП во таеквондо, шест македонски репрезентативци по медали во Софија


Од утре до 11 април во бугарската престолнина Софија ќе се одржи Европското сениорско првенство во таеквондо, на кое ќе настапат шест македонски репрезентативци.


 

На ЕП се пријавени вкупно 362 спортисти од 44 држави, а во македонскиот состав има четворица натпреварувачи во машка и две во женска конкуренција.

Во составот се:

Дејан Георгиевски +87 кг
Филип Додевски-87 кг

Филип Стаменов-80 кг
Анамарија Георгиевска-67 кг
Милијана Релиќ-62 кг
Марко Аврамовски-58 кг

Репрезентацијата ја предводи претседателот на Македонската таеквондо федерација и селектор Борче Крстевски.

Македонското таеквондо досега на европските првенства има освоено по едно злато и сребро (Дејан Георгиевски) и еден бронзен медал (Петра Матијашевиќ).

Покрај борбата за медали, ЕП во Софија е од исклучителна важност и поради тоа што ќе биде една од последните проверки за спортистите пред Олимписките игри во Токио.