За прв пат во историјата, ист подиум во индивидуален спорт на две Олимпијади по ред


 За прв пат во историјата на Олимписките игри, на победничкиот подиум се искачија исти натпреварувачи како на претходната Олимпијада.


 

Тоа се случи утрово во Токио, во фрлање ѓуле кај мажите.

Американецот Рајан Краузер го освои златото, неговиот сонародник Џо Ковач освои сребро, додека Томас Волш од Нов Зеланд стигна до бронзата.

Точно истиот подиум, по истиот редослед беше на Олимпијадата 2016 во Рио де Жанеиро.