За едно деноноќие Марко Пејчиноски преплива 64 километри во Охридското Езеро

marko pejchinovski
Facebook
Twitter
LinkedIn

За едно деноноќие шеснаесетгодишниот Марко Пејчиноски исплива 64 километри во Охридското Езеро на релација Охрид – Струга – Свети Наум – Охрид.




Пејчиноски кој вчера појде од охридското пристаниште, денеска го заврши својот подвиг за време од 21 часа и 42 минути.

Официјалните набљудувачи го верификуваа резултатите и ги евидентираа сите параметри со цел тие да бидат испратени до соодветната светска Асоцијација за пливачки подвизи.

Со ова Пејчиноски ги комплетира најавените 10 препливувања на разни релации во Охридското Езеро во вкупна должина од 250 километри.

Претходно, Пејчиноски го преплива Охридското Езеро во знак на поддршка на децата со ретки болести.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: