Вудс ќе мине со прекршочна пријава за сообраќајната несреќа


Американскиот голф играч Тајгер Вудс нема да се соочи со кривична одговорност по сообраќајната несреќа во која претрпе сериозни повреди на десната нога, соопшти денеска локалната полиција.


 

-Има елементи за тужба за несовесно возење. Ова е класичен пример на несреќа, а несреќите, за жал, се случуваат, Тој не бил под дејство на алкохол и дрога, тоа можеме да го исклучиме, изјави окружниот шериф на Лос Анџелес, Алекс Виланева.

Агенцијата Франс Прес, цитирајќи го Виланева, пренесе дека Вудс би можел да биде казнет за помал прекршок, доколку истражителите утврдат дека причини за несреќата биле пребрзо и несовесно управување со возилото.

Сообраќајната несреќа, по која Вудс итно беше опериран поради сериозни повреди на долните екстремитети, се случи во вторникот во близина на гратчето Ранчо Палос, кога возилото во кое голферот бил сам, излета од патот и неколкупати се преврте.