Во Берово екипата на Младост 96 подобра од ППК ,,Зегин” во пингпонгарското сениорско полуфинале

ping pong
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Екипата на Младост 96 од Прилеп е победник во полуфиналниот натпревар во пинг-понг во сениорска конкуренција кој денес се одржа во спортската сала Македонски Бранители во Берово. Прилепчани беа подобри од домашниот тим на ППК „Зегин“ кој како поразен го освои бронезниот медал во првенството.

-Благодарам на организацијата која беше одлична, екипата на ППК Зегин беше достоен противник иако резултатот е 4:1 не е толку убедлив на хартија. Го чекаме противникот од вториот полуфинален натпревар кој се игра во Штип помеѓу екипите на Телеком НЕЦ и Шампиони ФА, истакна Гоце Тошевски, тренер на екипата на Младост 96.


Потпретседателот на пинг-понгарската федерација на Македонија, Златко Рикаловски се заблагодари на домаќинот за организацијата на денешниот  полуфинален натпревар во пинг понг кој рече дек билодигран во духот  на фер плеј играта.

-Му посакувам многу успех на домашниот тим во понатамошните натпревари, третото место е голем успех за овој млад тим, тој проникнува во еден сериозен клуб и секој посакува во државата да постои еден ваков клуб – рече Рикаловски.

Спонзорот на клубот Благој Механџиски потенцираше дека ќе продолжи со поддршката на младите спортисти, не само во пинг понгот, туку и во другите спортови како што тоа го правел и досега.

Во рамки на настанот беа презентирани сите достигнувања на клубот од Берово,  при што тренњрор на ППК Зегин, Јован Ковачовски, потенцираше дека само оваа година ППК Зегин се закитил со 65 медали во сите конкуренции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK