Викендов во Волково „Мајски коњички турнир“


 Според план-календарот на Федерацијата за коњички спорт на РС Македонија, Коњичкиот клуб „БРАВАДОС“ од Скопје на терените во Волково, утре ќе го одржи „Мајскиот коњички турнир“.


 

Воедно ќе се одржи и 1. коло од отвореното Лига – првенство во прескокнување на пречки за 2021 година

Почетокот на натпреварите се во 11 часот.

На програмата се два натпревара во прескокнување на пречки во класи А, Б, Ц и Д со височина на пречките од 0,90 м. до 1,20 м.