Актуелниот светски првак Макс Верстапен во доминантен стил триумфираше на денешната трка во Формула 1 која по дождливо време се возеше низ улиците во Монако.
Верстапен ја стартуваше трката за Големата награда на Монако од пол позицијата и постојано беше во водство, минувајќи прв низ целта пред Фернандо Алонсо од Астон Мартин.
На подиумот како третопласиран се искачи и возачот на Алпин, Естебан Окон.
Во генералниот пласман води Верстапен со 144 бодови пред Серхио Перез (105) и Алонсо (93).
Следната трка во календарот на Ф1 е за Големата награда на Барселона.