Верстапен: Норис беше многу брз, ми требаа неколку кругови да го престигнам

verstepen
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен ги сумираше впечатоците по победата на трката за Големата награда на Британија.

– Имавме ужасен почеток, ќе треба да ги најдеме причините за тоа што се случи. Ландо Норис, поточно и двата болиди на Мекларен, беа многу брзи. Ми требаа неколку круга за сепак да го престигнам Норис, по што успеав да создадам празнина. По безбедносното возило и преминот кон најмеките гуми, ни беше доста тешко да ги одржиме во работна состојба. Многу сум среќен што победивме повторно, а 11 победи во низа за тимот се едноставно фантастични. Но, денес не беше така лесно. Поради лошиот старт, трката испадна малку повозбудлива, моравме да нападнеме максимално, изјави Верстапен.


Холанѓанецот вчера на „Силверстоун“ ја забележа шестата победа по ред и осма во тековната сезона, а 43-та во кариерата.

Серијата победи на Верстапен е најдолга во Формула 1 од 2013 година и петта во историјата на натпреварувањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK