Успешно заврши II Стрелец Куп 2020 (ФОТО)



На 25.10.2019 година се одржа вториот турнир во спортско стрелаштво “II СТРЕЛЕЦ КУП 2020” на стрелиштето “Камник” во Скопје. Овој турнир беше во организација на стрелачкиот клуб “Стрелец” од Скопје кој е еден од најдобрите клубови во Македонија чии членови можат да се пофалат со огромен број на награди во сите дисциплини.


 

Иако во време на пандемија која во периодов зема сериозен замав, организаторот и учесниците ги запазија сите мерки за заштита и купот помина во најдобар ред.

Турнирот се состоеше од натпревари во повеќе дисциплини:

–              Пиштол 25 метри ————————————————-10 истрели

–              Пиштол 25 метри (жени)————————————— 10 истрели

–              Револвер 25 метри ———————————————- 10 истрели

–              Пушка 100 метри ————————————————  10 истрели

–              Снајперска тактичка полуавтоматска пушка 100 м. — 10 истрели

–              Снајперска ловна пушка 200 метри ———————— 10 истрели

Учество на турнирот земаа членови на повеќе македонски стрелачки клубови, припадници на безбедносните служби, но и љубители на оружје кои имаа желба да си ги одмерат способностите со професионалците. Турнирот беше организиран по највисоки светски стандарди и помина одлично и доби пофалби од сите натпреварувачи и гости.

Претседателот на СК “Стрелец” , Јордан Тасевски, ги додели наградите на најдобрите во сите дисциплини и изрази голема благодарност и воодушевување од големиот број учесници и нивните резултати.

Фотогалерија:

Резултатите може да ги видите тука:

Loader Loading...
EAD Logo Taking too long?

Reload Reload document
| Open Open in new tab

Download [660.06 KB]