Украински првак во кикбокс убиен во битка со руската војска

bordus
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот шампион во кикбокс Максим Бордус (23) е убиен во борба против руските воени сили, објави украинската интернет страна „Спортски ангели“ на која се евидентираат воените жртви меѓу спортистите.

Бордус, како што е соопштено, загинал на 11 јуни во „жестоки борби против руските агресори“.


Со секој изминат ден со оружје во рацете се приближуваме до победата на Украина, но тој самиот тоа нема да го види, напиша невладината организација, објавувајќи фотографија на која Бордус позира со неколку медали.

На интернет страна на украинскиот претседател Володимир Зеленски е објавена петиција со која се бара на Бордус постхумно да му се додели титулата „Херој на Украина“.

Бордус ѝ се приклучи на украинската војска на првиот ден од руската агресија во февруари лани, а го загуби животот од руска граната при борбена мисија во јужниот регион Запорожје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK