Шифрин на чекор до рекордот на Стенмарк

shifrin
Facebook
Twitter
LinkedIn

Американската скијачка Микаела Шифрин ја забележа денеска 85. победа во кариерата во Светскиот куп, откако триумфираше на слаломот во чешки Шпиндлерув Млин.




Шифрин победи со резултат 1:33:85 минути и сега е на само еден триумф ја дели од вкупниот рекорд според бројот на победи во Светскиот куп, кој е во сопственост на Швеѓанецот Ингемар Стенмарк.

За Шифрин ова, воедно, беше 11 победа оваа сезона, а петта во слалом.

Второто место го освои Германката Лена Лир, а на подиумот се искачи и третопласираната Венди Холденер од Швајцарија.

Шифрин води во генералниот пласман со 1.617 бодови, а водечка е и во поредокот во слалом со 705 бодови.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: