Се одржа традиционалниот куп во борење „Голо Брдо 2023″

golo brdo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Под покровителство на Општина Булќиза, а во соработка со спортското друштво „Голо Брдо“ и албанската боречка Федерација, во селото Големо Острени денеска се одржа традиционалниот куп во борење „Голо Брдо 2023″.

На манифестацијата учествуваа борачи од повеќе села на областа Голо Брдо. Истата помина во прекрасна атмосфера со традиционални македонски песни и ора од областа Голо Брдо.


Поради близината и роднинската поврзаност, и овој пат меѓу публиката имаше поголем број жители од дебарските села Џепиште и Отишани, кои географски припаѓаат на оваа област.

Златен медал и преодниот пехар на победникот Елтон Зепај од село Требиште му ги врачија Џелил Цибаку, од федерацијата на борачи и новоизбраната градоначалничка на Булќиза, Фестиме  Мјештри, која вети поддршка за оваа и слични спортски и културни манифестаци во рамки на можностите на општината.

– И годинешниот турнир помина во спортска и фер атмосфера, која беше збогатена и со песни и ора. Во средното училиште во Острени беше отворена и изложба на фотографии од вакви манифестации низ годините, изложба на народни носии а беа презентирани традиционални јадења, карактеристични за областа. Голема почит до жителите на областа и момчињата што учествуваа на оваа манифестација, рече Цибаку за МИА.

Цибаку кој и самиот е поранешен спортист посочи дека добро ја познава областа и нејзините прекрасни и трудољубиви жители, зашто пред дваесеттина години беше префект на округот Пешкопеја, во чии рамки беа тогашните општини Требиште, Острени и Стеблево, односно областа Голо Брдо.

Со Територијалната поделба во 2014 година, како административни единици првите две се дел од општина Булќиза, додека Стеблево припадна во општина Либражд, округ Елбасан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK