Парчмент од Јамајка победник на трката на 110 метри со пречки


 Ханзел Парчмент од Јамајка го освои златниот медал на трката на 110 метри со пречки на Олимписките игри во Токио.


 

Јамајчанецот утрово патеката ја мина со време 13,04 секунди, пет стотинки подобро од Американецот Грант Холовеј кој важеше за голем фаворит.

Радоста на Јамајка ја надополни Роналд Леви освојувајќи бронзен медал со време 13,10 секунди.