Мекгрегор најплатен спортист во светот


– Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор е најплатен спортист во глобални рамки во изминатите 12 месеци со инкасирани вкупно 180 милиони долари, објави денеска економскиот магазин „Форбс“.


 

Дури 158 милиони долари Мекгрегор ги заработил надвор од рингот и со тоа стана само третиот активен спортист, по тенисерот Роџер Федерер и голферот Тајгер Вудс со заработени повеќе од 70 милиони долари од вонспортски активности.

Границата од 100 милиони долари, според заработката за последните 12 месеци, ја минале и капитенот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, Лионел Меси (130), напаѓачот на италијанскиот клуб Јувентус, Кристијано Роналдо (120) и Дак Прескот (107.5) од американската НФЛ лига.