Каратистката Јованоска седми македонски спортист на ЛОИ во Токио


Македонската каратистка Пулексенија Јованоска ќе настапи на претстојните летни Олимписки игри во Токио, откако доби вајлд карта од Меѓународниот олимписки комитет.


 

Јованоска е седмиот спортист, кој ќе настапи под македонското знаме на Олимписките игри, соопшти Македонскиот олимписки комитет.

Каратистката Јованоска, која во 2019 беше избрана за спортист на година, на Игрите во Токио ќе настапи во дисциплината Кати.