Кајакари од 18 држави ќе учествуваат на ЕП на „Матка“ крај Скопје

млади-и-спорт
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од утре до сабота на патеката „Матка“ крај Скопје ќе се одржи Европското првенство во кајак за сениори за кое пријавени се натпреварувачи од 18 држави.

АМС како партнер на Кајакарската федерација учествува во организација на овој голем настан.


За нас како институција и пред се држава е од големо значење да покажеме зрелост и способност за успешна организација на едно Европско првенство. Кајакарската федерацијата е активно посветена во овие случувања на меѓународната сцена и е вистински промотор на овој спорт кај нас, рече директорот на АМС, Наумче Мојсовски на денешната прес-конференција.

Тој упати апел до љубителите на овој спорт да ги проследат натпреварите на патеката „Матка“ крај Скопје.

Претседателот на Кајакарската федерација на Северна Македонија, Дрилон Леши е уверен дека Европското првенство ќе помине во најдобар ред.

– Од година во година кајак натпреварите во нашата држава е се подобра, а ова го препознава Светската и Европската кајак федерација, па се надеваме дека во иднина ќе добиеме и организација на некое Светско првенство, истакна Леши.

Свеченото отворање е закажано за вечер во МКЦ со почеток во 19:30 часот.

Натпреварите почнуваат утре со индивидуален настап. Во четврток е екипно возење на репрезентациите и трка на ветераните. За петок е предвидено да се вози спринтот, а в сабота се финалните натпревари индивидуално и екипно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK