Ф1: Откажана трката за ГН на Турција, австриски Шпилберг домаќин на две трки


 Трката во Формула 1 за Големата награда на Турција е откажана денеска поради неповолната здравствена состојба во земјата поврзана со коронавирусот.


 

Викендот од 11 до 13 јуни, за кога беше планирана трката во Турција ќе остане слободен во календарот на Формула 1, додека трката за Големата награда на Франција ќе се одржи една недела порано, од 18 до 20 јуни.

Новата трка која е додадена во календарот е за Големата награда на Штаерска (од 25 до 27 јуни), а една недела подоцна на истата патека „Шпилберг“ ќе се вози и трката за Големата награда на Австрија.