Со триумфот во трката за Големата награда на Канада во неделата вечер, холандскиот возач Макс Ферстапен дојде до својата 41 победа во Формула 1 со што се израмни со остварувањето на легендарниот Бразилец Аиртон Сена.
Воедно, Ферстапен на својата Ред Бул и ја донесе јубилејната 100 победа во конкуренција на конструктори.
Втор низ целта на патеката во Монтреал мина Шпанецот Фернандо Алонсо (Астон Мартин), додека на подиумот се искачи и третопласираниот Луис Хамилтон (Мерцедес).
По воведните осум трки оваа сезона, Ферстапен води во генералниот пласман со 195 бодови, 65 повеќе од Перез на второто и 78 повеќе од Алонсо на третото место.