Ф1: Ферстапен победи во Унгарија


Актуелниот светски првак и лидер во генералниот пласман во Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен (Ред Бул), победни на денешната трка за Големата награда на Унгарија на патеката Хунгароринг.

 

 

За Холанѓанецот ова е осма победа во 13 трка оваа сезона и вкупно 28 во кариерата.

Второто место го освои Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес, додека третото место му припадна на неговиот сонародник и клупски колега Џорџ Расел.

Шпанецот Карлос Саинц (Ферари) го освои четвртото место, додека неговиот клупски колега Чарлс Леклер беше дури шести.

Во генералниот пласман води Ферстапен со 258 бодови, пред Леклер (178) и Перез (173).

Следната трка во календарот на Формула 1 е на 28 август на патеката СПА за Големата награда на Белгија.