Македонската женска одбојкарска репрезентација попладнево загуби на гостувањето кај Естонија со 3:0, по сетови 25:22, 25:20 и 25:16.
За „црвено-жолтите“ ова беше четврти пораз во исто толку натпревари во Европската Сребрена лига. Естонките со максимални четири победи се лидери на табелата во А-групата.
Во следното коло, Македонките ќе и гостуваат на Летонија. Овој натпревар ќе се одигра в среда со почеток во 16 часот.