Боксерски спектакл викендов во САД пред рекордни 70.000 гледачи


Мексиканскиот боксер Саул „Канело“ Алварез, носител на појасотт во верзиите WBA и WBC и првакот во WBO, Англичанецот Били Џо Саундерс ќе ги вкрстат ракавиците в сабота за обединување на титулите во супер средна категорија пред 70.000 гледачи на стадионот во Арлингтон, во американската сојузна држава Тексас.


 

Тоа ќе биде рекорден број гледачи на спортски натпревар во светски рамки од почетокот на пандемијата на коронавирус, а според промоторот Еди Херн, ќе биде соборен и рекордот на гледачи на боксерски меч на спортски стадион. Во 1978 година, Леон Спинкс пред 63.352 гледачи на стадионот во Њу Орлеанс го победи легендарниот Мухамед Али.

Алварез и Саундерс ќе боксуваат на стадионот „AT&T“ на кој своите натпревари ги игра НФЛ екипата на Далас, а атмосферата дополнително ќе биде вжештена поради мексиканскиот празник „Синко де Мајо“.