Ауди: Не сме му дале понуда на Биното

binito
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од „Ауди“ ги демантираат информациите дека му дале понуда на Матија Биното, која била одбиена.

Германскиот производител на автомобили се подготвува да влезе во Формула 1 како фабрички тим во 2026 година со купување на мнозински удел во Заубер.


Неколку британски изданија неодамна објавија дека поранешниот шеф на Ферари добил понуда од Ауди и остварил првични разговори во тимската база, но не била постигнат договор.

– Можеме да потврдиме дека Матија Биното никогаш не го посетил професионалниот тркачки центар Нојбург, каде што е седиштето на „Audi“, изјави портпаролот на компанијата.

Во исто време, Ауди не демантира дека никогаш не биле заинтересирани да го ангажираат Биното.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK