Алонсо: Верстапен е најдобриот возач во Формула 1


Холандскиот пилот Макс Верстапен стана едно од најпопуларните имиња во Формула 1 во последните години. Верстапен го направи своето деби во Ф1 на 17-годишна возраст и во моментов има 7 победи, од кои 2 дојдоа оваа година на трките во Австрија и Германија. И додека Холанѓанецот е прогласуван за еден од најбрзите конкуренти во трката, тој често е критикуван за неговата експлозивна природа.

Сепак, двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо смета дека токму тоа го прави Верстапен попривлечен за гледање и смета дека неговата способност да ги стигнува и надминува другите тркачи, го прават најдобриот возач во шампионатот во моментов.

– Во Формула 1, многу е тешко да се избере најдобриот, бидејќи многу работи се менуваат од година во година и има многу разлики од автомобил во автомобил. Постојат пилоти кои се многу брзи во индивидуалните кругови, а има и некои што можат да стартуваат добро. Некои се едноставно постојани, а други се поагресивни. Во моментов можам да кажам дека најдобриот е Макс Верстапен. Тој е пилотот што го следам. Оваа година ги гледам неговите трки на ТВ и би сакал да го гледам, бидејќи тој е секогаш во напаѓачки режим. Кога е трет и го стигнува тој што е на второто место, знаете дека во одреден момент ќе го надмине и ќе направи нешто возбудливо за навивачите, рече Алонсо.

Макс Верстапен е четврти во пласманот во Ф1 со 235 бода.


Вести

Собранието се распушти, изборите на 12 април

Собранието попладнево едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето […]

Вести

Незаборавни слики од ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез (Видео)

Познатиот вулкан Питон де ла Фурнез, кој се наоѓа на францускиот остров во Индискиот океан Реунион, за прв пат оваа година на 10 февруари влезе во засилена еруптивна активност, јавува дописникот на МИА. Питон де […]