– Алберт Ботинес, агент на голманот на Интер, Андре Онана, проговори за иднината на играчот.
– Гласините за можен трансфер во оваа фаза се нормални, но претпочитам да не зборувам за тоа, бидејќи се уште е многу рано. Сега тој е фокусиран само на теренот. Имаме петгодишен договор со Интер. Тој има уште четири години договор. Во моментов тој е фокусиран само на преостанатите натпревари од Серија А и финалето на Лигата на шампионите. Многу е среќен, игра за најсилниот тим во Италија, изјави застапникот на Онана.
Дваесет и седумгодишниот голман од Камерун настапува за Интер од летото 2022 година. Неговиот актуелен договор е до јуни 2027 година.
Оваа сезона Онана забележа 38 настапи во сите натпреварувања и прими 30 гола. На 19 натпревари ја зачува мрежата „чиста“.