– Екипите на Олимпијакос и на Реал Мадрид ќе се борат за трофејот во кошаркарската Евролига. Ова е епилогот по двете полуфинални средби одиграни вчеравечер на „Фајнал фор“ турнирот во Каунас.
Во првото полуфинале, грчки Олимпијакос го победи Монако со 76:62, додека шпанската пресметка меѓу Барселона и Реал му припадна на тимот до Мадрид со 78:66.
Последните два натпревара сезонава во Евролигата ќе се играат утре. Од 16 часот е мечот за 3. место меѓу Монако и Барселона, а финалето е закажано за 19 часот и во него ќе се соочат Олимпијакос и Реал Мадрид.