ОИ: Атлетичарот Стојоски утре во квалификациите на 400 метри



По четиридневна пауза од појавување во олимпискиот базен на Миа Блажевска – Еминова, македонскиот спорт утре во атлетичарот Јован Стојоски ќе го има својот шести натпреварувач на Игрите во Токио.


 

Стојоски ќе настапи во квалификациите во трката на 400 метри, кои се на програмата со почеток во 03:45 часот по македонско време.

Од осумчлениот македонски олимписки тим, настап на Игрите во Токио ги очекува и каратистката Пулексенија Јовановска, на 5 август и ден подоцна на борачот Магомедгаџи Нуров.