Ограбен голманот на ПСЖ, неговата сопруга добила тупаница во лицето

Ограбен-голманот-на-ПСЖ-неговата-сопруга-добила-тупаница-во-лицето.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голманот на ПСЖ, Александре Летелиер, бил ограбен од насилни вооружени разбојници во понеделникот вечерта.


Како што дознава „Ле Парисиен“ од полициски извори, 33-годишниот голман бил нападнат во неговиот дом во Ивелин, а разбојниците со нож и се заканувале на неговата сопруга Клои и неговите деца кои се на возраст од две и шест години.

Ја удриле неговата сопруга со тупаница по лицето додека таа во рацете го држела двегодишното дете и и се заканувале дека ќе ја убијат се додека голманот на ПСЖ не ги предал парите и накитот што ги чувал во станот. Истиот извор пишува дека децата не биле жртви на насилство.

Весникот „Ле Парисиен“, пишува дека во грабежот учествувале четири лица. Еден разбојник се обидел да побегне скокајќи од балконот, но полицаец го спречил со електрошокер.

Летелиер и неговото семејство биле разбудени во 2 часот по полноќ од аларм кој најавил влез на провалник во нивната градина, а потоа и во нивната куќа. Сопствениците се обиделе да ја известат полицијата, но криминалците ги спречиле во тоа.

За среќа, полицијата била ефикасна и брзо ги пронашла и уапсила тројцата напаѓачи. Еден има 21 година, а двајца се малолетни, имаат по 16 години. Кај нив биле пронајдени разни предмети украдени од куќата на третиот голман на францускиот шампион.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK