Официјално, Пелегрини нов тренер на Бетис



ript>

Пелегрини ќе потпише двегодишен договор со Бетис - МИА

Севиља, 9 јули 2020 () – Раководството на фудбалскиот клуб од Севиља, Бетис, денес го назначи Мануел Пелегрини за нов тренер на тимот.


 

Шеесет и шестгодишниот Чилеанец ќе започне со работа од почетокот на сезоната 2020/21. Договорот со Пелегрини се пресметува до крајот на јуни 2023 година.

Чилеанскиот стручњак претходно работеше во Реал Мадрид, Малага, Виљареал и Манчестер сити. Последното место на работа му беше Вест Хем, од каде беше отпуштен на крајот од декември 2019 година.