Официјално: Бејл се врати во Тотенхем


Официјално: Бејл се врати во Тотенхем - МИА

Лондон, 19 септември 2020 () – Велшкиот фудбалер и член на Реал Мадрид, Герет Бејл се врати во Тотенхем, објавено е на веб-страницата на „Спарс“. Тој ќе игра за клубот од Лондон на позајмица.

Претходно беше објавено дека Тотенхем е подготвен да му ја исплати на Бејл целата плата, а Реал ќе ги преземе бонусите.

Бејл се приклучи на Реал Мадрид од Тотенхем летото 2013 година. Сумата за трансфер беше 101 милион евра. Минатата сезона, 31-годишниот велшки напаѓач учествуваше на 16 првенствени натпревари во Шпанија, на кои постигна два гола и оствари две асистенции.

Договорот на фудбалерот со мадридскиот клуб важи до летото 2022 година.


Вести

Одржана централната прослава на 1000-годишнината од основањето на Бигорскиот манастир

– Достоинствено, како што му доликува на милениумскиот јубилеј, денеска Бигорскиот манастир со централна прослава одбележа 1000 години од основањето. По пречекот на претседателот Стево Пендаровски,кој е покровител на прославата и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски […]

Архимандрит Партениј викендов ќе биде хиротонисан во епископ Антаниски - МИА
Вести

(Во живо) Бигорскиот манастир слави 1000 години од основањето

– Главната и централна прослава на великиот јубилеј 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир ќе се одржи денеска со почеток во 9:00 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски […]

Вести

Димитров уверува дека интензивно се работи на проблемот со Бугарија, Мицкоски бара лидерска

– Сите земји членки на ЕУ се свесни, особено соседите, дека сме пред многу едноставен избор – или ќе имаме заеднички успех или ќе имаме заеднички дебакл. Земјава прави дипломатски напори да се најде излез […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*