Новата сезона во АБА ќе почне на 19 септември


Новата сезона во АБА ќе почне на 19 септември - МИА

Скопје, 29 јуни 2020 () – На денешното Собрание на клубовите од регионалната кошаркарска АБА лига одржано преку видео-врска, донесена е одлука новата сезона да започне на 19 септември. Основниот дел од сезоната ќе трае до 28 март 2021 година, додека плеј-офот треба да започне на 4 април 2021 година.

Собранието донесе одлука дека и АБА Лигата и АБА Лига 2 ќе бидат составени од 14 клуба до сезоната 2024/25.

Во согласност со потврдениот систем на натпреварување, последнопласираниот тим на АБА-лига нема да има право да учествува на ова ниво на натпреварувањето во наредната сезона, додека 13-пласираниот тим на АБА-лигата и финалистот на АБА Лига 2 ќе се соочат едни со други во баражот за АБА-лигата.

Поради пандемијата на коронавирус откажан е Суперкупот на АБА 2020/21 година.

Доколку Приморска, која има финансиски проблеми не се откаже од натпреварувањето, МЗТ Скопје Аеродром ќе остане во АБА 2, каде во новата сезона, од македонските клубови ќе игра и Работнички.


Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација - МИА
Вести

Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација

Скопје, 6 јули 2020 () – Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е позитивен на КОВИД-19, а неговата колешка од поранешното СЈО, обвинителката Фатиме Фетаи, поради контакт со него ќе биде 14 дена во самоизолација. Ова е причината […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Регистрирани нови 78 случаи со Ковид-19, петмина починати, 172 оздравени пациенти

Скопје, 6 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, […]

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар - МИА
Бизнис

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар

Скопје, 6 јули 2020 () – Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*