Новак Ѓоковиќ како Роки Балбоа!



ript>


 

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ од планинскиот центар Дивичбаре во близината на Ваљево прати порака пред новата 2021 година во стилот на Роки Балбоа, славниот лик на Силверстер Сталоне.

Во снимка која наликуваше на четвртото продолжение на филмот, кога Роки се подготвува со трчање во снег и носење на дрва пред дуелот со советскиот „ѕвер“ Иван Драго, Србинот прати порака „Go to the distance 2021“.

Новата тениска сезона почнува во Мелбурн со АТП купот на почетокот на февруари пред Австралија опен.

Go the distance 2021 🥊 @TheSlyStallone #HappyNewYear pic.twitter.com/xWcnWKsxsS

— Novak Djokovic (@DjokerNole) December 31, 2020